КАРЛЕУША Е ВИНОВНА: Како хрватскиот фудбалер стана дел од црна листа?

карлеуша
Курир.рс/Соња Спасиќ/Дамир Дервишагиќ

Директорката на Туристичката заедница на Макарска, Хловерка Новак Срзиќ, јавно изрази негодување за сопственикот на еден ноќен клуб на Макарска, поради неговиот избор на музика.

Конкретно, се работи за поранешниот фудбалер на ФК Загреб, Горан Димиќ, кој е сопственик на еден од најпопуларните ноќни клубови на Макарска, каде минатата недела во живо настапи Јелена Карлеуша.

Новак Срзиќ има забелешка за изборот на музика општо во поголемиот дел од ноќните клубови, но се чини дека најмногу ѝ пречи музиката на Јелена Карлеуша.

Но, она што е факт е дека токму ѕвездите од нејзин калибар ги полнат овие клубови, носејќи профит не само за нив, туку и за целата Макарска ривиера.

Таа пак, е децидна дека од конкретниот клуб постојано се слуша лоша музика и тоа лошо влијае врз културниот имиџ на Макарска, каде секоја година има богата културна програма. За споредба зема друг клуб, кој е одлично звучно изолиран и воопшто не пречи.

Се чини дека со изборот на гости како Карлеуша, Аца Лукас, Миле Китиќ и слични, сопственикот на дискотеката се најде на црната листа кај туристите и жителите на јадранското крајбрежје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот