Кариерата на Фетел во Ферари е завршена

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Хелмут Марко, советникот во Ред Бул, е човекот кој го откри Себастијан Фетел уште во јуниоските денови и му обезбеди да дебитира во Формула 1 во болидот на Торо Росо во 2007 година, смета дека кариерата на Германецот во Ферари е завршена.

Причина за ваквото тврдење на Марко е последната трка за Големата награда на Русија на која во тимот на Ферари имаа договор, на стартот Леклер кој стартуваше од пол позицијата да му го препушти првото место на Фетел, а потоа во текот на трката Германецот да му возврати за „услугата“.

Меѓутоа, тоа не се случи Фетел ги игнорираше тимските наредби и на крајот поради проблеми со моторот, мораше да се откаже од трката на која триумфира Луис Хамилтон, додека вториот возач на Ферари, Шарл Леклер заврши како третопласиран.

– Ферари не успеа да победи на трката во Сочи иако имаа побрзи болиди од конкурентите. Себастијан беше најбрз возач во Сочи, но во Ферари го жртвуваа, тој веќе нема иднина таму – изјави Марко.

Себастијан Фетел во последните 13 месеци како возач на Ферари усшеа да победи на само една трка, а договорот со италијанскиот тим му трае до 2020 година. Но по случувањата на трката за ГН на Русија, прашање е која е неговата позиција во тимот. На страната на четирикратниот Ф1 шампион застана и првакот од 1997 година, Жак Вилнев.

– Фетел имаше одлично подесен болид за трката и беше најбрз. Сега Ферари има сериозен проблем. Не смееја така да му наредат да се врати на позицијата, а потоа цела трка размислуваа како да го вратат Леклер на првото место. На крајот ги казни кармата, бидејќи Фетел беше побрз и заслужи да остане пред Леклер – изјави Вилнев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот