Кариера како модел на 71-годишната возраст: Роза Саито ги менува стандардите во модниот свет

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Стандардите за убавина што се прифатени во денешниот моден свет, понекогаш наликуваат на имагинарен кафез. Луѓето што сакаат да го посветат својот живот на модата, мора да се усогласат со многу правила поврзани со нивната возраст, изглед, па дури и однесување. Затоа, секогаш е добра вест кога ќе дознаеме дека стереотипите се отфрлаат, а има некои модели кои се осмелуваат да ја предизвикаат целата индустрија.

Еден ваков пример е 71-годишната манекенка Роза Саито, која на целиот свет му докажува дека годините се само бројка, но не и мерило за нечија убавина и талент, пишува Брајт Сајд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)


На 68 години, со седа коса и многу силен талент за уметност, Саито ја открила страста на својот живот: кариерата на модел. Нејзиното вистинско име е Сецуко Саито и го зела името Роса на својот инстаграм-профил поради полесен изговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)


Висока е 1,68 см, а нејзиното тогаш ограничено познавање на модната индустрија не ја спречило да блесне на овие простори. Главната карактеристика што ѝ помогнала бил нејзиниот авантуристички дух, што ја донел дури и на модната недела во Сао Паоло.

Загубите во животот ги лекувала со медитација

 

Роза е родена во Арачатуба, Сао Паоло. Во раното детство, таа го открила својот креативен талент и се занимавала со пеење, цртање и со пишување. Бидејќи била многу креативно дете, знаела дека ќе го поврзе својот живот со нешто навистина убаво.

„Отсекогаш знаев дека ќе се занимавам со нешто креативно, нешто што можам да го измислам. Сè што правам, го правам на тој начин“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)

Пред да стане модел, Роза поминала низ многу предизвици и загуби во животот. На 22 години, таа се грижела за својата мајка, која била неподвижна. Потоа, како мајка на три деца, таа морала да биде и мајка и татко за своите деца, бидејќи го загубила сопругот во 2000 година. Но, Саито имала светла точка во животот, а тоа била грижата за растенијата. Во нив ја пронашла својата секојдневна медитација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)

„Важно е да се бараш и да се најдеш себеси. Мојот мир го наоѓам со растенијата. Одам во мојата градина и разговарам со нив“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)

 Одлуката да стане модел не била лесна

Никогаш не помислила да стане модел, но откако ги добила првите понуди, нештата се промениле. Одлуката не била брза. Откако добила три понуди од професионални агенции, решила да размисли за идејата.

„Двапати тоа беше од професионалци од агенцијата за модели Мега и еднаш од фотограф. Ја оставив идејата да созрее една година, имаше и трошоци, не беше нешто во што се впуштив тукутака, на слепо“, се сеќава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KIMOH (@kimohbr)

Никогаш не користела медикаменти и хемиски препарати

Сецуко била воспитана да го третира своето тело на природен начин дури и при болка и настинка.Модерната медицина и користењето медикаменти не биле избор на нејзиното семејство.

„Сето тоа е засновано на чај, и во мојата суштина, јас сум таква, некако против секаква хемија. Така, секогаш се лекував со природни состојки како алое, кокосово масло, маслиново масло“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)

Но, најсилниот акцент е хармонијата со себе.

„Самата убавина е во тоа што навистина се грижиш за своите мисли, за својата духовност. Личноста може да стане убава, волшебна, дружељубива. Според мене, важна е содржината“, вели Роза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Saito (@rosa.saito)

За неа, стандардите на индустријата за убавина се угнетувачки, но има надеж.

„Чувствувам дека полека се менуваме. Луѓето живеат подолго, повеќе се грижат за себе и компаниите навистина треба да се отворат повеќе во таа смисла и да ги визуализираат овие потенцијални клиенти“ , вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот