Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

Највисока смртност од циркулаторни болести има Бугарија – 66 отсто, а најниска во Данска – 23 проценти. Кај нас болестите на циркулаторниот систем се причина за смрт кај 51,8 проценти од случаите.

Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока смртност од циркулаторни болести има Бугарија – 66 отсто, а најниска во Данска – 23 проценти. Кај нас болестите на циркулаторниот систем се причина за смрт кај 51,8 проценти од случаите.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2019 година најзастапени причини за смрт во нашата земја се болестите на циркулаторниот систем – 51.8 процент, неоплазмите со 18.6 проценти, симптомите, знаците и ненормалните клинички наоди, некласифицирани на друго место со 10.7 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 4.6 проценти итн.

Прочитајте и...  За неносење маска 680 казни во изминатото деноноќие

Болестите на циркулаторниот систем биле главна причина за смртност во сите земји од ЕУ, освен во Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде бил ракот, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.

За правилна споредба меѓу земјите, Евростат врши анализа на бројот на смртни случаи на 100 000 жители.

Највисока стапка на смртност во ЕУ во 2017 година има Бугарија со 1 631 смртен случај на 100 000 жители. По неа следи Романија со 1 488, па Летонија 1 485, Унгарија 1 470 и Литванија 1 418 смртни случаи на 100 000 жители.

Најмала стапка на смртност во ЕУ има Франција со 838 смртни случаи на 100 000 жители, според податоците од 2016 година, по што следи Шпанија со 844, Италија – 875 и Луксембург – 911 и Шведска – 916.

Прочитајте и...  Почина Жилиет Греко, икона на француската шансона

Прочитај повеќе

Политичка сцена во Црна Гора: Ѓукановиќ ќе предложи мандатар до 23 октомври

Слободен печат

Рангелова: Ја докажав правдата, сега може слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа

Слободен печат

Димитров: Mеѓувладина конференција до крајот на годината, за зајакнување на кредибилитетот на ЕУ во регионот

Слободен печат

Маските од денеска се задолжителни на јавни места во Минхен, казни од 250 евра за непочитување

Сашко Димовски

Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Слободен печат

Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицијаци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат

Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Слободен печат

Банкарските сметки на Навални се замрзнати

Слободен печат