Кардиолог предупредува: Оваа висина на долниот притисок е знак дека ви се заканува срцев удар

Фото: Профимедиа

Зголемениот крвен притисок во одредени положби може да биде сигнал дека се приближува срцев удар, предупредуваат експертите.

Ако веќе страдате од висок крвен притисок, веројатно секојдневно го мерите овој параметар за здравјето на крвните садови, а сега експертите предупредуваат дека тоа треба да се прави особено кога станувате од седечка или лежечка положба.

Луѓето чиј притисок „скока“ кога ќе се исправат или ќе станат се во поголем ризик од срцев удар, пренесува магазинот „Хипертензија“. Ова се однесува особено на помладите и на средовечните пациенти.
Значително зголемување на крвниот притисок кога станувате, може да биде знак дека сте изложени на поголем ризик од посериозни кардиоваскуларни настани, како што е срцев удар. Во најголем број случаи, кога стануваме или се исправуваме и го мериме притисокот со апаратот, горниот притисок малку ќе опадне. Но, ако долниот притисок добие повисока вредност, тоа значи дека ви се заканува срцев удар.

Студијата објавена во ова списание опфатила 1.207 пациенти на возраст од 18 до 45 години, на кои им е потврден висок притисок од прв стадиум, во кој горниот е во вредности од 140 до 159, а долниот од 90 до 100. Студијата утврдила дека оние чиј долен притисок бил највисок при станување, имале двојно поголем ризик од сериозен срцев проблем од остатокот од групата.

„Ова откритие го потврдува нашиот првичен сомнеж, дека зголемениот крвен притисок кај младите е важен за поставување дијагноза. Бевме изненадени што и сосема мал скок на притисокот може да биде показател за опасност. Се надеваме дека ова откритие ќе ја отвори темата за терапија за пациенти со висок крвен притисок, дури и ако се млади“, вели д-р Паоло Палатини од Универзитетот во Падова. К. А.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот