Кардиналот Пел поднел жалба за пресудата за педофилија

Кардиналот Џорџ Пел поднел жалба до највисокиот суд во Австралија на пресудата за педофилија, соопшти Високиот суд на Австралија.

Во претходната инстанца Врховниот суд на државата Викторија ја отфрли жалбата на кардиналот и ја потврди пресудата со која беше осуден на шестгодишна затворска казна.

Не е познато дали Високиот суд на Австралија, чие седиште е во Канбера, ќе се занимава со случајот на Пел. За тоа дали ќе има постапка одлуката ќе ја донесе судија од овој суд, што, меѓутоа, тоа може да потрае со месеци.

Кардиналот Пел, некогаш трет човек во хиерархијата на Ватикан, во март годинава беше осуден заради сексуално злоупотребување на две момчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот