Кардиф го изневери семејството на Сала, сè уште не ја уплатил ветената помош по трагедијата

Конечно е прогласен виновникот за авионската несреќа во која загина Емилијано Сала/фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Покрај тоа англискиот тим одбива да му плати на Нант обесштетување за фудбалерот кој загина во пад на авион.

Семејството на трагично загинатиот аргентински фудбалер, Емилијано Сала, тврди дека несудениот тим играчот, Кардиф не ја уплатил ветената донација откако безживотното тело беше пронајдено по авионската несреќа.

Сала го загуби животот во јануари 2019 година откако авионот кој леташе кон Кардиф на потпишување на договорот, се сруши во Ламанш каналот. Телата на пилотот и фудбалерот беа пронајдени неколку недели подоцна.

И поранешниот тим на Сала, францускиот Нант го тужи Кардиф бидејќи не сака да го исплати обесштетувањето. Велшкиот тим се правда дека договорот официјално не е потпишан, додека Нант има свои аргументи и бара да му бидат исплатени 19 милиони евра.

Сега се јави и адвокатот на семејството на трагично загинатиот Сала кој тврди дека Кардиф не им ги исплатил ветените пари.

– Кардиф го контактираше семејството поради донација, но тие во Аргентина се вратија без пари. Не дадоа објаснување зашто не ги уплатија парите. Во јануари годинава сите читавме дека семејството е среќно бидејќи се договори со Кардиф, но вистината е поинаква. Сакаме да потенцираме дека клубот го измами семејството кое иако се наоѓа во тешка финансиска состојба тие немаат добиено никакви парични средства – изјави адвокатот на семејството на Сала.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот