Карди Би проговори за сите естетски операции: Мислев дека сум грда

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пејачката Карди Би прозборе за сите естетски операции кои ги направила за да си ја врати самодовербата. Таа рече дека морала да оди под „нож“ затоа што со години ја малтретирале поради нејзиниот физички изглед.

Кога се прослави, Карди Би сакала да стави крај на „злобните јазици“ и да ги „поправи“ оние делови од телото со кои не била задоволна, пренесува „Interview Magazine“. Додека растела се чувствувала грдо и неразвиено затоа што често добивала коментари дека нема облини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Кога бев помлада бев многу слаба, а во Бронкс мораш да имаш тесен струк и голем задник. Ми зборуваа дека воопшто немам задник и поради тоа се чувствував лошо и мислев дека сум грда“, објасни пејачката.

Кога имала 18 години, Карди станала танчерка и имала доволно пари да си ги зголеми градите, така што секоја несигурност околу нејзиното деколте исчезнала.

Кога наполнив 20 години, работев во стриптиз клуб, а таму мораше да имаш голем задник. Тоа ме врати во средно училиште. Затоа направив и задник и бев многу посамоуверена во врска со тоа“, раскажува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Познатата раперка вели дека сега е задоволна со својот изглед, но и дека има периоди кога ѝ се враќа несигурноста.

Срамежлива сум и мислам дека тоа никогаш нема да помине“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот