Карди Би поднесе барање за развод од раперот Офсет и го нарече нивниот брак „неповратен“

Instagram

Карди Би поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг раперот Офсет по само три години брак.

Пејачката на хитот „Тhe Black Yellow“ поднесе документи во судот во округот Фултон во Џорџија под нивните вистински имиња – Белкалис Алманзар и Киари Сефус.

Двојката се венча на тајна церемонија во 2017 година и ја добија ќеркичката Култур која има само две години.

No description available.
Instagram

Во документите за развод, пејачката Карди Би (27) наведува дека „бара основно физичко и законско старателство“ над нивната ќерка. Покрај тоа таа бара и алиментација за детето, иако точната сума сè уште не се знае.

Изводи блиски до двојката тврдат дека „веројатно нема опција за да се смири ситуацијата“ и дека односите се „неповратно нарушенин“.

Сепак, Карди Би се надева дека разводот „ќе биде решен со меѓусебен договор“.

No description available.
Instagram

Веста за разделбата на познатата двојка ја објави Hollywood Unlocked.

Со неверојатниот успех по нејзиниот деби студиски албум „Invasion of Privacy“, се претпоставува дека имотот кој го поседува Карди Би вреди околу 24 милиони долари, додека богатството на 28-годишниот Офсет се проценува на 26 милиони долари.

И покрај она што се чинеше како неверојатна љубовна приказна на социјалните мрежи, последен пат беа фотографирани заедно на 20 август. Неверството на нејзиниот сопруг се чини дека беше последната капка во чашата на пејачката.

Офсет постојано ја изневеруваше, но Карди гледаше на другата страна поради бебето. Таа исто така не сакаше да се посрамоти. Но, веќе не можеше да издржи“, раскажува близок извор на пејачката.

No description available.
Instagram

Карди и претходно го обвини Офсет за неверство, уште во 2018 година само пет месеци по раѓањето на нивната ќерка, но тогаш одлучи да му даде уште една шанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот