ФОТО: Каратистката Пулексенија Јованоска деветта на Игрите во Токио

Фото: Приватна архива

Македонската претставничка во карате, Пулексенија Јованоска утринава го освои деветтото место на Олимписките игри во Токио во дисциплината кати.

Јованоска испиша историја во македонското карате, таа стана првата Македонка која учествувала на едни Олимписки игри во карате, спорт кој во Токио го има премиерното издание но е тргнат од програмата на наредните Игри во Париз.

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Јованоска имаше резултати од 23.80 и 24 поени, кои и го донесоа деветтото место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во кати во Токио.

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Македонската делегација на Игрите во Токио, утре ќе ги заврши своите настапи со борачот Магомедгаџи Нуров. Според најавите, Нуров е вториот адут на Македонија за остварување на забележителен резултат во Токио, по неверојатниот успех на Дејанм Георгиевски кој го освои сребрениот медал во таеквондо.

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот