Каратистите на „Макпетрол“ со шест медали на Балканското првенство во Риека

каратисти макпетрол
Каратистите на „Макпетрол“ имаа успешен настап во Риека, Хрватска/Фото: КК Макпетрол

Изминатиот викенд во Риека (Хрватска), се одржа Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, и на кое учество земаа 13 балкански држави со 731 натпреварувач.

Каратистите на „Макпетрол“, членови на македонската карате репрезентација на ова натпреварување имаа добро преставување. Освоија четири сребрени медали и два бронзени, или вкупно шест медали, сите во највозрасната и најтешка категорија на помлади сениори-ки (У21).

– Задоволни сме од настапот на нашите каратисти кои ги бранеа боите на Македонија на ова елитно регионално натпреварување. Балканот е најквалитетен регион во светската карате федерација и затоа тешко е да се освои медал, има стварно голема и квалитетна конкуренција. Можевме да постигнеме и повеќе во поединечните настапи на нашите каратисти но за освојување на медал одлучуваа моменти. Генерално сме задоволни од нашиот настап, направивме одлична контрола пред државното првенство кое треба да се одржи следниот викенд и ќе има изборен карактер за влез во репрезентацијата на следното европско првенство кое ќе се одржи во Прага, Чешка – изјави Петар Заборски, тренерот на „Макпетрол“.

каратисти металург 2
Каратистите на Макпетрол со успешен настап во Риека, Хрватска/Фото: КК Макпетрол

Најуспешен натпреварувач на Балканското првенство е Стефан Стојановиќ +84 кг. (актуелен европски јуниорски шампион), спортист на „Макпетрол“, тој успеа да освои две сребрени медали и тоа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби иако сè уште е јуниор, не е полнолетен, но за време на одржувањето на Европското првенство ќе има 18 години и затоа настапи во повозрасна категорија на У21.

1. Стефан Стојановиќ поединечно +84 кг, сребрен медал
2. Абдурахим Идризи екипно борби , сребрен медал
3. Глигор Петков екипно борби, сребрен медал
4. Стефан Стојановиќ екипно борби, сребрен медал
5. Марија Петровска поединечно категорија -50 кг У 21 , бронзен медал
6. Викторија Јовановска екипно борби, бронзен медал

Во поединечна конкуренција Стојановиќ (+84 кг, У-21) го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1. Петровска настапи во категорија -50 кг У21, таа во прво коло беше слободна, второ коло победи со преставничка на косово 3-0, во полуфинале загуби од Хрватска 2-3, и во репасажна борба за бронзен медал победи со 4-2, со Словенија.

Кумите тимот – борби У-21 – мажи славеше против Косово 3-1, потоа победа со домаќинот 3-0 Хрватска и во финалето загуби 0-2 од Босна и Херцеговина, што беше доволно за сребрениот медал. Кумите тимот – борби У-21 жени прво го победи Косово 0-0, потоа загуби од Словенија 1-2, а во борбата за бронзата славеше против Грција со резултат 2-0.

На Балканското првенство Македонија освои вкупно 13 медали – два златни, три сребрени и осум бронзени и се најде петтата позиција. Пред нашата репрезентација се Босна и Херцеговина со 26 медали (12-4-10), Турција 24 (9-6-9), Србија 31 (7-8-16) и Хрватска 23 (5-6-12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот