Каратистите на „Макпетрол“ доминантни на младинското државно првенство

Државни медалисти - тим Макпетрол

Натпреварувачите на карате клубот „Макпетрол“ викендов во Гостивар имаа извонредно енергичен и убедлив настап на македонскиот младински државен шампионат. Во девет пријавени категории тие имаа седум финални меча и освоија исто толку златни и две бронзени медали. На тој начин екипата беше најуспешна меѓу 46 клупски и 224 индивидуални учесници на првенството што има изборен карактер за влез во нашата репрезентација која што во февруари 2022 година ќе биде дел од европскиот шампионат во Прага.

– Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство. За овој шампионат работевме и се подготвувавме навистина сериозно. Бевме силно мотивирани и демонстриравме модерно олимписко карате. За нас како клуб, приоритетно е дека докажаните репрезентативци во борбите и двата дена, односно првиот ден кога станаа државни шампиони, и вториот ден кога се одржаа борбите од плејофот ги потврдија своите квалитети и влегоа во националниот тим – истакна тренерот Петар Заборски.

Карате тим Макпетрол – Скопје 2

Стефан Стојановиќ, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, кои што се докажани европски медалисти се пласираа на престојниот шампионат, додека дел од националниот тим ќе бидат и Марија Петровска, Витомир Трајковски и Јована Мицовска. Иако беше државен првак, Викторија Јовановска не успеа да влезе во тимот што ќе патува во Чешка.

Витомир Трајковски
Абдурахим Идризи

Овие седум натпреварувачи освоија злато, додека Димитар Лозановски и Даријан Тасевски се закитија со бронзен медал.

Дел од македонската јуниорска репрезентација ќе биде и Јована Мицовска, која што во првиот ден од националниот турнир беше второрангирана, но преку борбите во плејофот се искачи на првата позиција во својата категорија под 59 килограми.

Јована Мицовска

По прворангираниот клуб „Макпетрол“ меѓу петте најуспешни на државниот шампионат се најдоа и „Олимпик“ од Скопје, „Гладијатор“ од Велес, „Фунакоши Гичин“ од Скопје и „Штип“ од Штип.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот