„Карантински приказни – Антологија на изолацијата“, предизвик за собирање најкреативни раскази во изолација

-Почнуваме со предизвик што го нарековме „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“. Со ова сакаме да ги поттикнеме и собереме најоригиналните, најкреативните и најинтересни раскази настанати во ова тешко време што заради наше добро мора да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Бојан Саздов од издавачкиот центар „ТРИ“.

Во овој период на лоши вести, на социјално дистанцирање и почитување на разно-разните препораки, покрај читањето, голема смисла на нашето секојдневје му дава и пишувањето – како еден од начините да се справиме со големата промена, но, велат тие, и да создадеме траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашите животи.

-’Карантински приказни – Антологија на изолацијата’ е хроника што од денес ја создаваме заедно, со кратки раскази што ги очекуваме од секој од вас што во овие моменти наоѓа инспирација и сила за пишување. Најдобрите раскази од предизвикот ќе ги објавиме во издание што ќе остане како антологија да сведочи за бурниот – на моменти и нереален – период кој се надеваме дека набрзо ќе заврши и дека никогаш нема да ни се повтори, вели Саздов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот