Карантинска Барби – првата кукла со мустаќи и подочници

За време на карантинот жените учеа сами да ги средуваат косите и ноктите, забораваа на диетите, некои ги поминуваа деновите покрај екраните, други во онлајн-училиштата со своите деца, месеа лебови, „висеа“ на социјалните мрежи… Зошто Барби би била поинаква?

Instagram

Тоња Руиз е позната по тоа што долго се спротивставува на нереалните фигури на популарните кукли и ги сместува во сцени од реалниот живот, покажувајќи дека нивниот живот ни одблизу не би бил толку совршен ако тие се вистински жени.

Instagram

Сега, инспирирана од изминатиот период во кој светот се соочи со пандемијата на коронавирусот, решила на девојчињата за игра да им понуди нешто толку реалистично. Руиз креирала серија „карантински барбики“.

Instagram

Можеби малку девојчиња ќе изберат да си играат со разбушавени барбики со подочници, но не можеме да негираме дека идејата на Руиз е оригинална.

Instagram
Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот