Карантинот во Италија мора да се почитува: „Кој ќе оди во црква додека е забрането, ќе биде лекуван само со молитви“

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Италијанското искуство во борбата против епидемијата покажува дека коронавирусот го погодува секој дел од граѓанското, општественото и институционалното живеење, пишува „Танјунг“.

Италија веќе 6 недели е под целосен карантин, над 60 милиони луѓе се во изолација /Рим, 18 март 2020/ EPA-EFE/Massimo Percossi
Хаос во затворите

Италијанските медиуми се обидуваат да го свртат вниманието на властите на пренатрупаните затвори во кои моментално има повеќе од 60.000 луѓе, а истите се предвидени за 45.000 лица.

Потребата за социјално дистанцирање кое ја наметна епидемијата на коронавирусот, во пренатрупаните затвори, е речиси невозможно. Затворите се епидемиолошка бомба, предупредуваат.

Затворениците во Прато протестираа на почетокот од месец март годинава, како реакција на новите мерки против коронавирусот, при што им беа забранети посетите / 09 март 2020 Прато, Италија / EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI
Помош преку Whatsapp

Извесен руски државјанин, за потребите на сторијата со името Димитриј, на крајно бизарен начин го сврте вниманието на јавноста за својот случај. Тој е еден од 229 патниците кои беа на крстарењето на луксузниот брод „Коста луминоса“.

Пристигнале на 25 март во пристаништето во Савона и сместени се во хотел во карантин под целовремен надзор од пресоналот вработен во службите за цивилна заштита и карабиниерите. Не му бил овозможен контакт со никој, па на парче хартија кое го фрлил од прозорецот на својата соба, го напишал својот телефонски број и пораката: „Помош, пишете ми на Whatsapp, ве молам“.

– Не доведоа тука на сила. Ништо не ни кажуваат. Не нѐ тестираат. Не знаеме дали сме болни. Откако пристигнавме, 5-6 лица секојдневно заминуваат во болница. Броев најмалку 30 возила на итната помош со луѓе чија состојба се влошуваше. Се плашите – рекол „Димитриј“ за новинарите, откако неговиот случај стигнал до медиумите.

Принуден трансфер за спас од хаосот во Бергамо

Алберто Батистела, 47-годишен човек заболен од коронавирусот, самиот си организирал трансфер со приватно возило на итна помош од пренатрупаната болница во Бергамо (епицентарот на заразата) во Језоло, гратче во близина на Венеција. Тоа го чинело 600 евра, но тврди дека така останал жив.

– Во Бергамо е пекол. Во Језоло ми го спација животот – тврди Алберто. Додава дека е лекуван со лекови за ХИВ и антималариска терапија, благодарение на која оздравел.

Полицијата казнува неодговорно однесување

Во Италија за времето на каратинот е дозволено да се излезе да се пазари во маркетите само еднаш дневно и само по еден член од семејството. Полицијата контролира дали постои оправдана потреба за излегување. Медиумите известуваат дека во Виглиано, во покраината Торино, карабиниерите казниле маж бидејќи во неговата кеса имало само три шишиња вино, со објаснувањето дека „алкохолот не се смета за есенцијална роба“.

Припадници на италијанската војска и полиција ги проверуваат сите возачи на контролната точка помеѓу Бресо и Чинисело Балсамо, во непосредна близина на Милано, северна Италија / 30 март 2020, Италија / Фото: EPA-EFE/SERGIO PONTORIERI
Очајни обиди пораката за самоизолација да стигне до луѓето

Светите миси се одржуваат без присуство на верниците во црквите, туку се пренесуваат директно преку телевизија, како и вообичаеното обраќање на папата од плоштадот Свети Петар во Рим.

Против директниот ТВ-пренос на црквените миси негодуваат некои од луѓето, тврдејќи дека таквата отстапка за црквите е мерка од старите времиња.

Претседателот на регионот Кампања, Виченцо де Лука, стана познат по заканите дека на оние кои во време на епидемијата ќе организираат матурски забави ќе им испрати карабиниери вооружени со „пламенофрлачи“. Сега тој им се закани на верниците дека оние кои ќе се заразат со коронавирус бидејќи одат на молитви во црква, и покрај забраните, „ќе бидат лекувани само со молитви“.

Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот