Карантинот ја зголемува опасноста од семејно насилство

Фото: Профимедиа

ОН предупредуваат дека преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство

Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство, изјави специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ.

– Голема е веројатноста да се зголеми семејното насилство. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде со нив се однесуваат сурово. Оваа состојба се продлабочува за време на изолација и целосен карантин, воведени поради Ковид-19, истакна Шимоновиќ.

Според неа, државите треба да преземат соодветни мерки за да им се помогне на жените, жртви на семејно насилство за време на карантинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот