Кaрантинот ги живна ретките животински видови: Се појави досега „невидена“ птица, а лебедите навлегуваат кон чаршијата (ФОТО)

Охридско Езеро. / Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Намаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти, објави иницијативата Охрид СОС.

На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член граѓанската иницијатива .

Podiceps cristatus

-Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, велат од Охрид СОС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот