Карантин за луѓето кои во Црна Гора влегуваат од Србија

Стар град, Будва / Фото: Unsplash

Лицата кои влегуваат во Црна Гора од Србија ќе бидат во карантин, одлучи синоќа црногорското Национално координативно тело за инфективни болести (НКТ).

Тоа тело воведе неколку епидемиолошки мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион.

„Поради развојот на епидемиолошката состојба во Република Србија, решено е сите лица што влегуваат во Црна Гора од таа земја да бидат испраќани во карантин”, соопшти црногорската Влада.

Во соопштението се додава дека „стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор”.

„Затоа, лицата кои влегуваат во Црна Гора од Република Србија, нема да бидат испраќани на домашна самоизолација до понатамошно известување, туку исклучиво на карантин во објектите определени од државата за таа мерка”.

НКТ одлучи дека градинките во Црна Гора повторно ќе бидат затворени од денеска, а угостителските објекти ќе бидат отворени до полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот