Карантин и во Чеченија: Кој не го почитува му објаснуваат со цевка!(ВИДЕО)

Повикувајќи се на снимките од очевидци, Новаја Газета извести дека полицајците исто така напаѓале возачи зошто не носеле маски за лице.

Полицајци вооружени со пластични цевки во руската република Чеченија патролираат по улиците за да обезбедат почитување на карантинот, известија руските медиуми.

Регионот со мнозинско муслиманско население воведе во саботата строг карантин со строги казни за напуштање на домовите. Видео снимките кои кружат на интернет од петокот покажуваат полициски конвои кои ги советуваат жителите да останат дома и маскирани мажи во униформи со бели цевки во рацете како патролираат низ пустите чеченски улици.

„Карантинот е на сила. Од нас се бара оние кои тоа не го разбираат да им објасниме со цевка“, рече еден од авторите на видеото, според преводот на каналот База Телеграм и веб страницата Медиазона.

Според пишувањата на Новаја Газета чеченските чувари користат исти пластични цевки во тајните затвори во регионот.

Повикувајќи се на снимките од очевидци, Новаја Газета извести дека полицајците исто така напаѓале возачи зошто не носеле маски за лице.

Чеченија регистрираше 9 случаи на коронавирусот од понеделникот. Вкупниот број на случаи во Русија изнесува 1.836.

Претходно овој месец, чеченскиот водач Рамазан Кадиров ги отфрли грижите поради коронавирусот, советувајќи ги луѓето да пијат лимонска киселина и медена вода за да го засилат својот имунитет и да јадат лук за „чиста крв“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот