Караници во Серија А, себичноста поопасна од коронавирусот

twitter/Juventus Club Svezia

Војна на зборови помеѓу првите луѓе на Лацио и на Јувентус.

Се поизвесно е дека Серија А нема да продолжи во април, туку најверојатно тоа ќе се случи на 2 мај.

Оваа дата е прифатлива за сите претседатели на екипите од Серија А кои сметаат дека доколку се смири состојбата со пандемијата на коронавирусот, тогаш сезоната би можела да заврши на 30 јуни.

Сепак, според „Газето дело спорт“, на состанокот дошло до војна на зборови помеѓу првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито и на Јувентус, Андреа Ањели.

Бидејќи во Лацио нема заразени од коронавирус, за разлика од Јувентус, Лотито планира фудбалерите да ги повика своите фудбалери да продолжат со тренинзите во тренинг кампот во Формело под засилени мерки на безбедност бидејќи се плаши дека доколку се продолжи сезоната тие нема да бидат физички подготвени.

Ваквиот предлог наишол на жестока осуда на унијата на фудбалери чиј претседател Дамијано Томази обвини дека некои клубови го ризикаат здравјето на фудбалерите и мислат на профитот, додека првиот човек на Јувентус го обвини својот колега дека трофејот му е поважен од здравјето на играчите.

„Дали тоа го зборуваш како Италијанец или како член на кралското семејство Ањели“, му се потсмевал Лотито на колегата од Јувенус.

„Не, зборувам како лидер на табелата“, му одговорил Ањели.

Моментно, лидер на табелата во Серија А е Јувентус со само еден бод повеќе од екипата на Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот