Каран: Верувам во позитивен резултат во Ереван

фото: фк шкупи

Екипата на Шкупи утре (15.30 ч.) во Ереван, Ерменија  ги стартува настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Противник на Шкупи во првото коло од квалификациите е добропознатиот за македонските екипи, Пјуник кој во минатото играше со Вардар, Тетекс и со Победа.

Тренерот на чаирчани, Умит Карат, фаворитската улога, но на хартија, му ја препушта на домашниот тим но верува во позитивен резултат.

– Уште кога пристигнав во Шкупи сите ни предвидуваа преселба во втората лига, но јас верував во моите фудбалери и напорно работевме за да стигнеме до тука.Знаеме дека Пјуник е квалитетен тим и е фаворит на хартија. Можеби тие претходно беа подобри од Вардар и некои други екипи од Македонија, но доколку одиграме како тим како што знаеме и умееме верувам во позитивен резултат од Ереван  – рече Каран.

Оптимизмот во успешен настап и пласман во следната фаза го дели и капитенот Муарем Бајрами.

– Не очекува организиран противник, но добро го анализиравме и ги знаеме и нивните слаби страни кои ќе се обидеме да ги искористите и да излеземе како победници во двата натпревари – рече Бајрами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот