Каран: Покажавме карактер

фото: ФК Шкупи

Тренерот на Шкупи, Умит Каран е задоволен прикажаната игра на неговите избраници во ремито против Пјуник Ереван. Шкупи ремизира играјќи 3:3 иако на десетина минути до крајот имаше предност од два гола.

– Уште пред мечот на моите фудбалери им кажав дека не очекува тежок противник со фудбалери кои неколку години играат заедно. Покажавме карактер па откако брзо примивме гол потоа се вративме и до предност од 1:3. Имавме одлични шанси и за 1:4, но откако ние не реализиравме следеше казната. Мора да кажам дека сум среќен со овој резултат. Ќе видиме што ќе се случува на следниот натпревар, но се надевам дека со помош од нашите навивачи ќе излеземе како победници во овој двомеч – рече Каран на прес конференцијата по натпреварот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот