Каран: Нема да го браниме резултатот од Ереван

Екипата на Шкупи има активен резултат од првиот натпревар против ерменскиот тим Пјуник (3:3) од првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа.
Иако резултатот е поволен, тренерот на Шкупи, Умит Каран посакува победа и пласман во следната рунда во квалификациите за ЛЕ.

– Веројатно никој не очекуваше таков резултат (3:3), но во фудбалот мора да веруваш во себе ако сакаш да оствариш нешто. Имавме шанси и за четврти гол на првиот меч, а потоа сфативме дека такви грешки не се простуваат во Европа. Имаме резултат со кој и 0:0 не носи во наредната рунда, но нема да играме на 0:0 цели 90 минути. Ќе ја играме нашата игра и се надеваме за добар резултат – изјави Каран.

Освен пласман во наредната рунда, мотивите на Каран се и да се оствари што подобар пласман за да се крене рејтингот на македонските екипи.
– Сите ние ја претставуваме Македонија и мора да играме подобро за да го промовираме фудбалот и да се избориме за подобар рејтинг – вели Каран.
Дуелот меѓу Шкупи и Пјуник се игра утре од 20:45 часот на Арената „Тодо Проески” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот