„Карамелите“ газат во новата сезона, Челси од 0:3 до 3:3..! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Nick Potts/POOL

Во рамките од третото коло во Премиер лигата екипата на Челси ремизираше 3:3 против составот на Вест Бромвич.

Домаќините изненадувачки водеа со дури 3:0 после првото полувреме, или подобро кажано сите голови беа реализирани во првите 30 минути од мечот. Робинсон двапати се запиша во листата на стрелците, а еднаш Бартли.


Менаџерот Френк Лампард беше свесен дека во вториот дел неговите фудбалери мора многу подобро да играат во вториот дел, и на крајот успеаја да избегнат пораз.

Најпрвин намали Маунт во 55 минута, па израмни Хадсон-Одои во 70 минута, а конечниот епилог го постави Абрахам (90+3`).

Се одигра уште еден меч, Евертон триумфираше на гостувањето кај Кристал Палас со 1:2 за вкупно трета победа сезонава и моментно на првото место на табелата со максимални девет бодови.

Јунајтед со гол во 100 минута: Судијата свиреше крај, па се предомисли! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот