Карамел млеко – совршен трик за стоплено грло

карамел млеко
Карамел млеко-unsplash


Иако деновиве затопли и сонцето се појави сосема срамежливо, претходните денови бевме во целосна атмосфера на дожд, облаци, студено време и желба за топли напивки.

Но, со промената на времето, знаеме и што најчесто се случува. Настинуваме. Она слоевито облекување наутро, па препотување напладне, па тегнење со нас полузимска јакна, па дувнало ветерче… И стигнуваме дома, омалаксани, грлото нè гребе…

Прв симптом кога ќе ве фати „ладното“ е суво грло или чувство на нелагодност. Кога бев дете, ако се пожалев дека грлото ме боли, баба ми речиси секогаш ќе ми го направеше овој магичен пијалок кој таа го нарекуваше „прегорено млеко“. Всушност ова е лек кој се прави многу брзо, а потребни ви се само две состојки – шеќер и млеко.

Еве и како се прави – стопувате полна лажица шеќер, на среден оган. Треба да почне да станува темно кафен и да се појават меурчиња. Кога ќе почне веќе да се закоравува за дното на тенџерчето, додајте 200 мл ладно млеко и продолжете да мешате за да се одлепи шеќерот/карамел. Штом добро ќе се растопи, ставете во шолја и испијте го додека е топло.

За оние што сакаат дополнително скокоткање на грлото, мој совет – ставете малку бибер и рамно лажиче путер. Нема да погрешите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот