Карактеристики што децата обично ги наследуваат од своите татковци

ТАТКО И СИН
Фото: Unsplash

Кога семејството очекува принова, сите замислуваат како ќе изгледа и на кого ќе наликува малечкото. За среќа, науката може да даде одговори на многу од овие прашања. Постојат одредени карактеристики што децата ги наследуваат исклучиво од своите татковци.

Изглед

Во однос на изгледот, детето наследува 60 проценти од гените на таткото, во споредба со 40 проценти од мајката. Ова значи дека детето може да наследи некои забележливи карактеристики од таткото.

Unsplash
Unsplash

Висина

Физичкиот изглед е главно резултат на гените на таткото. Ако таткото е висок, голема е веројатноста дека и детето ќе биде високо. Децата кои имаат мајки кои се ниски по висина, а високи татковци се генерално повисоки.

Стоматолошка структура 

Структурата на забите е претежно наследена од таткото. Ако таткото има квалитетни, силни заби кои ретко се расипуваат, постои голема шанса и детето да ги има.

Unsplash
Unsplash

Прсти

Не е невообичаено татковците и децата да имаат слични прсти, особено на нозете.

Рацете

Ако таткото пишува со десна рака, а мајката е левак и обратно, детето ќе ја наследи карактеристиката на неговиот татко.

Unsplash
Unsplash

Стил на спиење

Исто така е можно да се каже кое дете ќе ја заземе позицијата за време на спиењето ако погледнете како спие неговиот татко.

Симпатични дупчиња во образите

Дали сте за заљубени во дупчињата што се појавуваат во образите на вашиот партнер кога тој се насмевнува? Постои голема шанса и детето да ги има.

Unsplash
Unsplash

Полни усни

Бебињата често имаат полни усни, кои со текот на времето можат да станат потенки. Ова се смета за доминантна одлика што децата ја наследуваат почесто од татковците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот