Каракачанов со остра порака до Иванов: Молчи си за Македонија!

Откако лидерот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов денеска се обрати во Народното Собрание и кажа дека треба да се најде решение за проблемот со Република Северна Македонија, поранешниот вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов, преку социјалните мрежи му порача на Иванов да си молчи.

„Наш национален интерес е во ЕУ да влезе пријателска, а не антибугарска Македонија. Затоа Христо Иванов треба да биде љубезен и да молчи за Македонија. Ова што го кажа денеска може да биде секаков, но не бугарски интерес“, му порача Каракачанов преку Фејсбук.

Иванов претходно посочи дека Бугарија треба да покаже цврстина и, како што рече, да ја одбрани вистината, но воедно и да се изнајде решение за проблемот.

„Ние во овој парламент треба да го браниме бугарскиот национален интерес, да покажеме цврстина, но и смелост, за да најдеме решение за проблемот со Република Северна Македонија. Треба да се одбрани вистината, но треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи тоа е бугарски национален стратегиски интерес“, рече Иванов.

Денеска новиот состав на бугарскиот парламент одржа конститутивна седница, по парламентарните избори на 11 јули, на која за претседателка беше избарана пратеничката Ива Митева која доаѓа од редовите на „Има таков народ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот