Каракачанов не сака да верува дека пак изгубил

фото Архива

Претседателот на бугарското ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, кој ја предводеше коалицијата „Бугарски патриоти“ на јулските предвремени избори е незадоволен од исходот. Тој нема да има пратеници ниту во новото Народно Собрание бидејќи со нешто над 3 отсто од гласовите, според излезните анкети, не го помина изборниот праг кој е поставен на четири проценти.

„Не ми се допаѓа резултатот, затоа што не е добар. Можеби требе да ги почекаме официјалните резултати. Само што излегоа излезните анкети а Вие ме терате да правам анализи. Рано е за длабински анализи. Така како што решил бугарскиот народ, така ќе се развива државата во наредните месеци и години”, изјави Каракачанов.

Тој повика да се формира стабилна влада која ќе може да го подготви државниот буџет и да ги гарантира доходите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот