Каракачанов можеби не влезе во Парламентот, но со 216 гласа убедливо победи во Македонија

фото Архива

Партијата на актуелниот бугарски министер за одбрана, Красимир Каракачанов иако според сегашните прогнози нема шанси за влез во Народното собрание, сепак со 216 гласови од 510 лица кои гласале, убедливо победи во Македонија.

Тоа е повеќе од двојно гласови од партијата ГЕРБ на актуелниот премиер Бојко Борисов, која доби 100 гласови од Македонија.

За разлика од одличниот изборен резултат во матичната држава, Слави Трифонов, од бугарските државјани кои живеат во Македонија книжи само 21 глас, а пред него е и партијата Демократска Бугарија, за која се определил 51 гласач. Социјалистите и во Македонија доживеаја дебакл и освоија само 15 гласа. Од останатите партии, единствено проруската АБВ има освоено над 10, односно добила вкупно 12 гласа.

Каракачанов инаку на Фејсбук го призна изборниот пораз, меѓутоа порача дека неговата партија и надвор од Парламентот ќе продолжи да се бори за граѓаните кои им искажале доверба.

„Централната изборна комисија сè уште ги нема објавено конечните резултати, но прогнозата е дека ВМРО нема да биде застапена во 45. парламент. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин кој ни ја даде довербата и гласаше за ВМРО дека нема да ве предадеме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО силно ќе се бори за вашите интереси. Ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија – затоа што не треба да има компромис по секоја цена! Главата горе, пријатели! Не треба да се понижувате! ВМРО не ја доби оваа битка, но ’војната’ допрва доаѓа – а таа е за највредната – Бугарија“, напиша Каракачанов.

ВМРО на Каракачанов не влегува во Парламентот со 54,63% пребројани гласови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот