Каракачанов: Ако се продолжи во оваа насока следната година може да започнат преговорите со ЕУ

Како мал чекор напред во вистинската насока, го оцени бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов интервјуто на премиерот Зоран Заев, пренесува БНР.

ВИДЕО | Заев: Бугарија не е фашистички окупатор и Гоце Делчев е од двете страни

Тој нагласи дека на Бугарија и требаат гаранции кои можат да се дадат само со потпишан документ.

– Бугарија инсистира во договорот на ЕУ со Република Северна Македонија да се наведат условите и да се стави до знаење дека Бугарија може да го стопира процесот на преговори во секое време кога договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија не се спроведува, рече Каракачанов.

Виепремиерот побара интервјуто на премиерот Зоран Заев, да ја надмине формата на изјава за медиуми и да стане меѓудржавен документ.

Заев: Со Бугарија треба да си простиме и да подадеме рака!

– Изјавата не е документ, не е меѓудржавен договор. Затоа сакаме или анекс, или нов договор, или потпишан протокол, во кој има многу јасни гаранции за тоа што и кога ќе се случува. Главната работа е говор на омраза. Ние сакаме јасна гаранција за тоа како ќе се промени нивниот образовен систем, со рокови, бидејќи самиот процес на преговори е долг, може да трае до 10 години. Со цел да се согласиме сакаме напишан патоказ, истакна Каракачанов.

Тој му честиташе на премиерот Заев за искажаната позиција и посочи дека ако се оди во оваа насока, следната година може да се зборува за започнување на преговарачкиот процес на Македонија.

ВИДЕО | Заев: Сакам да му помогнам на мојот македонски народ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот