Карагер разочаран од Нуњез: Дарвин ќе биде очаен, го изневери тимот

Дарвин Нуњез летово дојде во Ливерпул во транфер вреден 1000 милиони евра/фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерите на Ливерпул се уште ја чекаат првата победа во Премиер лигата, откако во првите две кола одиграа нерешено, а еден од виновниците за ремито против Кристал Палас е напаѓачот Дарвин Нуњез кој заработи црвен картон.

Нуњез во првото коло против Фулам го постигна голот првенец во Премиер лигата, но вчера против Кристал Палас беше исклучен бидејќи го глава го удри дефанзивецот на гостите, Јоаким Андерсен.


Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека Нуњез со исклучувањето го изневери тимот, но се изневери и себе.

– Сигурен сум дека добро знае што направи и дека поради тоа ќе биде очаен. Го изневери тимот и се изневери себе си. Да останеше на теренот до крајот на средбата, сигурен сум дека Ливерпул ќе победеше. Не се работи само за еден натпревар, сега може да е случиу да не го видиме во неговото најдобро издание во наредните недели – изјави Карагер.

И поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека Нуњез направи непромислен потег иако во текот на целиот натпревар имаше дуели со Андерсен.

– Тоа што ги направи Нуњез беше момент на лудило. Во претходните натпревари видовме дека е доста борбен. Мислам дека од овој инцидент ќе научи добра лекција. Кога добиете црвен картон ќе почнете да размислувате и да си велите зошто го направив ова – смета Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот