Караџовски и Ѓуроски се новите играчи на КК Пелистер

Блокотехна беше последниот домашен клуб на Стојан Ѓуроски/Фото: kfsm.mk

Кошаркарскиот клуб Пелистер има нови засилувања за новата натпреварувачка сезона 2021/2022, тие се Димитар Караџовски и Стојан Ѓуроски.

36-годишниот Караџовски (плејмејкер/бек), кој веќе настапуваше за Пелистер (2008-2009), во својата кариера настапуваше за МЗТ Скопје, Скалагримур, Стјарнан, Торус, Рилски Спортист, Кожув, Фени Индустри, Куманово, Работнички.

29-годишниот Ѓуроски (крило, крилен центар) кој исто така има репрезентативно искуство претходно беше дел од Левски Софија, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Блокотехна, Уеска, Мелиља, Евре и Аликанте.

Во тимот се наоѓаат уште Бобан Стајиќ, Игор Кесар, Даниел Нацевски, Бојан Трајковски, Петар Николиќ, Тајлер Чис, Марјан Младеновиќ и Љубомир Младеновски.

Од претходно е познато дека битолската екипа оваа сезона ќе учествува во АБА2 лигата.

Видео на денот