Караџовска: Колегите од ИЈЗ знаат како е да не се прибереш дома со семејството, а вие коментирате дека доцнела ковид статистиката

Клинички компплекс „Мајка Тереза“ Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Читам наслови уште од синоќа од типот: Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19? Да ви се одговори, драги безобразни новинари: Бидејќи системот е оптоварен, вработените остануваат ноќе до касно да бројат рачно и да внесуваат податоци, за потоа истите податоци да се испратат до релевантни структури за проверка и споделување, напиша на Фејсбук Елена Караџовска, ќерката на епидемиологот Жарко Караџовски.

Елена Караџовска е веб администратор во Институтот за јавно здравје и ќерка на епидемиологот Жарко Караџовски, која вели дека од март месец по 24 часа виси и чека мејлови со податоци за да ја сработи својата службената работа.

-МЗ, ДСЗИ и ИЈЗ работат во служба на граѓаните, дури и до полноќ. Јас можам конкретно за ИЈЗ да кажам, бидејќи јас ја објавувам таа статистика и тотално се нервирам кога ќе прочитам дека сме биле неработници, манипулатори и сл. карактеристики., бидејќи јас знам како е од март навака да висиш 24/7 онлајн и да чекаш мејлови со податоци за да ја сработиш службената работа, без да имаш викенд, празник, и кога си дома, и дење и ноќе и постојано да шеташ со лаптопот некаде- стои во нејзината објава.

-И моите колеги знаат како е да не се прибереш дома со семејството, бидејќи бројат пријави и внесуваат податоци или работат во лабораторија. За разлика од сите вас што си излегувате по кафани, слави, шетања и журкања низ државава и сл, некој нема време да си живее на раат како вас, во време на корона пандемија, бидејќи работи одговорна работа. Срамота е да се коментира такво нешто- вели Караџоска.

ИЈЗ отсекогаш била институција, потенцира Караџоска, која споделува податоци во врска со некоја состојба или настан.

-Вие работите, односно имате тема за статија зашто некој Ви дава податоци, иначе ќе си пишувате за дневно-политички настани. Не сакам да ми се споделува статусот, поентата е да се прочита и да се пренесе дека не е сè така како што вие известувате, бидејќи излегува дека народот го подбуцнувате да се распалува од какви и да е вести и во јавноста да се креира лоша слика за наведените институции- вели во објавата ќерката на емиделиологот Жарко Караџоски.

На почетокот на пандемијата, во март, статистиките беа објавувани до 14 часот, потоа со зголемувањето на интензитетот и растот на бројот на случаите во 18 часот, а последниве два месеци и по 20 часот.

„Слободен печат“ од свои доброупатени извори дознава дека екипите на Институтот за јавно здравје вчеравечер работеле до доцна во ноќта затоа што рачно морало да се проверуваат пациентите кои што системот не ги генерирал со едноставно впишување на матичниот број и на името и презимето.

Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот