Караџоски: На средината на јуни најверојатно ќе може да ги пуштиме нашите дечиња да одат во градинка (ВИДЕО)

Ја менуваме нашата шема, рече Караџоски, го надградуваме нашиот алгоритам, одиме на пошироко тестирање на населението, при што очекуваме во третата фаза на средината на јуни, кога ќе можеме и нашите дечиња да ги пуштиме да одат во градинките. 

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје, на денешната прес-конференција за медиоумите, истакна дека се минати три месеци од регистрирањето на првата заболена патничка од Италија, која беше позитивна на ковид-19.

-Исто така денеска навршуваат 88 дена како функционираме како Комисија за заразни болести со направени 92 записници, тоа е континуирана работа. Ние се трудиме да бидеме тука за граѓаните, да помогнеме. На денешната седница констатиравме дека соодветно се  почитуваат нашите препораки, нашите алгоритми, при што преземените мерки дадоа одредени резултати- рече д-р Караџоски.

Во последните 14 дена, рече Караџоски, почнавнме да правиме анализи на седум и четиринаесет дена, а тоа ни овозможува на соодветен начин да носиме одлуки.

-Во периодов од 14 дена имаме просечно од 10 до 40 регистрирани случаи, на дневна основа тоа се во просек по 24 заразени лица. Она што непријатно паѓа, а мора да се каже е тоа што во последниве 14 дена имаме помал број на смртни случаи на дневно ниво- рече д-р Караџоски.

Ја менуваме нашата шема, рече Караџоски, го надградуваме нашиот алгоритам.

-Одиме на пошироко тестирање на населението. Во градинките се направени повеќе од 2 илјади тестови, при што очекуваме во третата фаза, најверојатно ќе биде на средината на јуни, да можеме и нашите дечиња да ги пуштиме да одат безбедно во градинките- рече д-р Караџоски.

Ќе се направат повеќе од 10 илјади тестирања, вели Караџоски, за да се види каков е скринигот на нашето население. Тој најави дека во периодот што следи ќе се тестираат и здравствените работници, таксистите, возачите од ЈСП Скопје, АРМ, полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот