Караџоски: Многу лица го загубија својот живот затоа што доцна дојдоа во медицинските установи (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ние немаме новодијагностицирани пациенти, туку точно знаеме од кои кластери, од кои семејства потекнуваат, ги знаеме лицата кои биле во самоизилација или изолација, во нивните фамилии имаме заразени, рече доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје на денешната прес-конференција, која се одржа во Владата на РСМ.

-Она што како заклучот можам да го кажам е дека околку 15 лица кои беа донесени на Инфективната клиника или во ГОБ „8-ми септември“, ние велиме во терминална фаза, односно дел од луѓето кои ги чувствувале симптомите или не се осмелиле да дојдат порано, или дојдоа кога беше предоцна. Па така со жалење можам да констатирам дека многу лица го загубија својот живот, затоа што доцна дојдоа во медицинските установи- рече д-р Караџоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот