Карачиќ во тимот на колото (ВИДЕО)

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Игор Карачиќ, е еден од најзаслужните за пласманот на Вардар на фајнал фор турнирот, постигнувајќи 16 голови во двомечот со ПИК Сегед. Како и на првиот натпревар во Скопје, така и во Сегедин, бекот на вардарци постигна по осум голови со што од страна на ЕХФ е избран во тимот на колото. Покрај Карачиќ во тимот на колото за вторите четвртфинални дуели се наоѓаат уште и Гонзало Перес де Варгас (Барселона), Хампус Ване (Фленсбург), Драган Гајиќ (Веспрем), Ласе Андерсон (Барселона), Игор Карачиќ (Вардар), Бенсе Банхиди (ПИК Сегед). Зашто овие играчи се избрани во тимот на колото погледнете на овој ЛИНК.

Голот на Тимур Дибиров од мртов агол е признаен од ЕХФ како најдобар во колото. На листата на најдобри голови се најде и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков. Најдобрите голови видете ги ТУКА.

Интервенцијата на голманот Дејан Милосављев во 50. минута е избрана за петта најдобра одбрана во реванш четвртфиналните натпревари. Одбраната на Милосављев и останатите четири интервенции во вторите четвртфинални натпревари погледнете ги на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот