Карачиќ: Сè ме потсетува на 2017 година! (ВИДЕО)

Фото: РК Вардар

Повторно нема да биде лесно, но мотивацијата е присутна и сите размислуваат како од „аутсајдер“ да се биде победник.

Вардар сезонава двапати загуби од Барселона, но во Келн е само еден меч, а изненадувања се случувале. Тоа добро го знае каталонскиот гигант пред две години кога им пресуди тогашниот член на македонскиот шампион, Лука Циндриќ.

Игор Карачиќ е играч што е најдолго во Вардар, играше на сите досегашни Ф4 настапи.

– Сето ова ме потсетува на 2017 година. Дојдовме во Келн без притисок, сакаме на сите да им ги замрсиме сметките. Тоа ни успеа пред две години. Лани дојдовме освојувачки и имавме премногу притисок. Се радувам на овој Ф4. Немаме што да загубиме. Играме според мене најдобриот тим не само во Европа, туку и во светот. Сепак, годинава Вардар покажа дека има карактер и срце и дека се враќа од тешки ситуации. Ќе дадеме сè од себе за да ја совладаме Барселона. Ова ни е трета година, а знаеме дека што е поголемо искуството. Секој има 25 проценти шанса за титулата – вели Карачиќ.

Мечот меѓу Вардар и Барселона ќе се игра в сабота (утре) од 18.00 часот во „Ланксес“ арената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот