Карачиќ: Само ние и навивачите верувавме во победа

Миленикот на навивачите на Вардар, Игор Карачиќ по крајот на натпреварот призна дека играл со температура. Тој херојски ги поднесе болките, постигна пет голови но во финишот откако го постигна голот во 55. минута со кој Вардар за прв пат дојде во водство, се повреди и мораше да биде со помош на соиграчите да го напушти теренот.
По натпреварот, Карачиќ откри дека натпреварот го играл со 39 температура.

– Чудо е ова што го направивме. Успеавме да стигнеме во финалето на ЛШ, кога 99 отсто од Европа не веруваше, можеби никој освен нас самите и навивачите кои дојдоа овде од Македонија. Сега ќе се обидеме да собереме снага, јас да се опоравам, другите да одморат бидејќи сме преуморни оти ние пет-шест играчи играме постојано. Ќе се обидмее и утре да дадеме сè од себе да го победиме и овој силен Веспрем и тие имаат долга клупа како Барселона не се знае кој е посилен. Ама, како што тие велеа ние сме Барселона, е па ние сме Вардар и не се предаваме пред никого – рече Карачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот