Карачиќ: Ќе играм во полуфиналето, макар и со една нога

twitter/HRS

Поранешниот ракометар на Вардар и член на Хрватска, Игор Карачиќ, во вчерашната пресметка со Шпанија постигна 10 гола, но при еден дуел со Душебаев се повреди.

Болната гримаса и тешкото излегување од теренот ги загрижи хрватските навивачи, но и колегите од репрезентацијата.

– Нема шанси да го птопуштам полуфиналето. Доколку треба ќе играм и со една нога. Но, нема потреба да се грижите, се е во ред – изјави Карачиќ.

Сепак, по деталните прегледи е утврдено дека не станува збор за потешка повреда и се очекува во утрешното полуфинале на Европското првенство против Норвешка и Карачиќ и Лука Циндриќ да бидат подготвени за настап.

Полуфиналната пресметка помеѓу Норвешка и Хрватска започнува во 18 часот, а во 20.30 часот во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот