Карачиќ ја торпедира „Фуријата“, но Хрватска остана на второто место

фото: men2020.ehf-euro.com/Jozo Cabraja

Во одлучувачкиот натпревар за првото место во групата 1, Хрватска и Шпанија одиграа без победник (22:22), додека Португалијха во втората група и услуга на Словенија.

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, постигна дури 10 гола за Хрватска во дербито на последното коло во групата 1, против Шпанија, но не успеа да им донесе триумф на „коцкестите“, а со тоа и првото место во групата.

На крајот Шпанија е првопласирана во групата 1, поради подобрата гол разлика, но Хрватите имаат за што да жалат бидејќи успеаја да се врата од негативата од шест гола, а в последните секунди, Домагој Дувњак го промаши шутот за победа. Дополнителен проблем за селекторот Лино Червар претставува повредата на коленото на Карачиќ.

Токму Карачиќ со 10 гола беше најпрецизен на средбата, додека во редовите на Шпанија најдобар беше исто така поранешен ракометар на Вардар, Алекс Душебаев кој постигна шест гола.

Селекцијата на Португалија и направи мечкина услуга на Словенија која ќе игра во полуфиналето на Европското првенство. Португалија со 34:26 ја совлада Унгарија и на тој начин ја отпиша од битката за второто место на табелата во групата 2.

Вечерашниот дуел помеѓу Норвешка и Словенија ќе биде за одредување на првите две позиции на табелата, Словенија мора да победи доколку сака да биде прва и во полуфиналето да се сретне со Хрватска, додека секој поинаков исход на води во полуфинална пресметка со Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот