Карабинерите ги апсат навивачите на Јувентус, го уценувале и рекетирале клубот

фото:Twitter

Тие се уапсени од страна на карабинерите поради неколку обвиненија, меѓу кои се и нелегални побарувања од клубот да добијат повеќе влезници за натпреварите на „Алијанц“ Арената, за перење на пари и насилство, објави италијанската новинска агенција, АНСА. Помеѓу уапсените се наоѓаат лидерите на навивачките групи Drughi, Tradizione-Antichi valori, Viking, Nucleo 1985…

Истрагата на обвинителствот во Торино е поврзана со наводното уфрлување на членови на озлогласената мафија од Калабрија, „Ндрангета“, помеѓу најжестоките навивачи на Јувентус кои почнале да го уценуваат клубот.

Полицијата наведе дека навивачите се заканувале на челниците на Јувентус, дека ќе извикуваат расистички пароли доколку не добијат повеќе влезници од планираното и доколку клубот не им дозволи по намалени цени да ги купуваат влезниците за потоа да можат да ги препродаваат. Нивните постапки би ја натерале Италијанската фудбалска федерација да му одзема бодови и да добива парични казни.

Уцените започнале откако Јувентус во 2017 година престана да дистрибуира влезници за навивачите. Споменатите закани досега вродуваа со плод токму поради можните казни, но челниците на „старата дама“ сепак се одлучија да ги пријават заканите на италијанските власти.
Според АНСА, акцијата на карабинерите започнала уште минатата година, а апсењата се спроведоа денеска откако се собрани докази за „вметнатите“ членови на „Ндрангета“ помеѓу навивачите на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот