Карабатиќ: Се навикнавме на медали

фото: men2020.ehf-euro.com/Stanko Gruden

Франција на ЕП го оствари најлошиот пласман во историјата.

Поразите од Португалија и од Норвешка за еден од главните фаворити, Франција, значеше крај на настапите на ЕП. Испаѓањето во групната фаза е најлошиот пласман во историјата на “триколорите“ на ЕП, кои досега три пати ја освојуваа титулата на континенталниот собир. Неуспехот на ЕП во медиумите беше окарактеризиран како катастрофа, а денеска со свое видување за катастерофалниот настап се огласи и најдобриот француски ракометар, Никола Карабатиќ.

– Кога го освоивме бронзениот медал рековме дека тоа е половичен резултат. Да, можеме да кажеме дека ова е криза, и по ова не е важно како се вика туку како ќе се справите во тоа.

За нас е многу разочарувачки што вака испаднавме, против Норвешка се боревме, некое време верувавме дека можеме да победиме. На крајот, исто како и на натпреварот со Португалија, некои ситни работи, недоразбирања и индивидуалните грешки ни донесоа пораз бидејќи светскиот вицешампион не простува такви работи.

Испаѓањето во групната фаза не е резултат кој треба да го имате кога го носите овој дрес. Се навикнавме да бидеме на победничкиот пиедестал и да освојуваме медали. Моментно сме во „црна дупка“ но веќе сме биле во оваа позиција пред Олимписките игри во 2012 и 2016 година – изјави Карабатиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот