Карабатиќ бара промена на ракометни правила

Карабатиќ ќе го пропушти првиот дел од подготовките на француската репрезентација/ фото: EPA-EFE/OLE MARTIN WOLD

Селекцијата на Франција на Мундијалот во Египет игра без својот најдобар ракометар, Никола Карабатиќ, кој е повреден.

Французите и без него успеаја да го освојат првото место во својата груба, а Карабатиќ сака својот авторитет како еден од најдобрите ракометари на сите времиња, да го искористи и да се обиде да издејствува промена на ракометните правила. Французинот посакува ИХФ да промени две ракометни правила.
„Како фан на ракометот им порачувам на тие што се задолжени за правилата на нашиот спорт да го променат правилото игра седум на шест, а треба да се воведе и ограничување во нападот“, порача Карабатиќ преку својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот