Капка што ќе ја прелее чашата: Најголемата навреда која Хари и Меган можеа да ѝ ја зададат на кралицата Елизабета!

Меган и Хари
Фото: Profimedia

Британските медиуми пренесуваат дека принцот Хари и Меган Маркл нема да го поминат Божиќ на традиционалното семејно собирање кај кралицата. Тоа би можело дополнително да ја зголеми тензијата и да ја загрози нивната и така разнишана слика во јавноста.

Хари и Меган наводно ѝ рекле на кралицата дека нивниот син Арчи нема да го помине својот прв Божиќ со кралското семејство, туку дека сакаат да бидат сами за да ги „наполнат батериите“ и да направат нови планови.

Се зборува дека постојат две опции – да останат дома во Виндзор или да отпатуваат кај мајката на Меган, Дорија Рагланд, во Лос Анџелес. На одмор ќе бидат шест недели, а Хари се согласил Денот на благодарноста да го поминат кај Дорија.

„Мислам дека е тажно кога некој не сака да биде дел од семејното собирање, особено сега кога кралицата е стара“, рекла биографката Ингрид Стјуард и истакнала дека Елизабета сигурно ќе биде повредена, но и дека е премногу грациозна и искусна за да дозволи тоа да се забележи.

Стјуард исто така напоменува дека Меган се обидува да „се извади“ на малиот Арчи, објаснувајќи дека ќе биде преголема гужва и дека на Арчи ќе му биде пренапорно, но изгледа дека се работи само за нејзините лични желби и за личните желби на принцот Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот