Капитенот порачува: Можеме и мораме подобро.

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари целта, обезбеди пласман на ЕП и тоа како првопласирана во групата 3. Капитенот Кире Лазаров е свесен дека ракометарите не брилјираа и има доста недостатоци во играта, но резултатите се паметат.

До стартот на Европското првенство има половина година и капитенот посочува времето да се посвети на анализа на грешките и отклонување на истите.

– Не брилјиравме, имавме изморени и еден дел неискусни, а еден дел повредени играчи. Среќни сме за новиот пласман на ЕП, но ова не е најдоброто од нас. Можеме и мораме подобро. Сепак, резултатот е тој што се памети. Треба да се направи анализа, имаме многу за поправање. Јас секогаш се стремам кон совршенство, но не треба да бара алиби, треба да се биде амбициозен. И Франција и Германија се млади репрезентации. Младите брилјираат во своите клубови. Ние не се делиме на млади и стари, туку на добри и лоши. Мора и треба да има притисок за да успееме –  вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот