Капитенот на шампионите Стоилов во „Аџибадем Систина“ (ФОТО)

Најеуфорични беа најмладите, но задоволството да се биде покрај капитенот на шампионите не го криеја ниту повозрасните.

Стоилов порача дека победата не е само на ракометниот клуб, туку и на „Аџибадем Систина“, бидејќи лекарите, неуморни на терен, се заедно со нив секогаш кога им се потребни.

– Оваа победа не е само на РК Вардар, ова е победа и на „Аџибадем Систина“, тие се со нас постојано 24/7 кога и да имаме потреба од нив. Имаме огромна доверба во лекарите, професионална и надвор од тоа, д-р Михајло Ивановски е мој драг пријател кој секогаш кога треба е тука со добри совети. Не само јас, туку сите играчи на РК Вардар се презадоволни од „Аџибадем Систина“ – изјави капитенот Столе Стоилов.

Трауматологот д-р Михајло Ивановски, кој беше нивен доктор во текот на целата сезона и со нив ги делеше сите предизвици и подеми, но и падовите, повредите и исцрпеноста, вели дека ракометарите на терен зависат од своето здравје и дека редовните лекарски прегледи и физичката подготвеност се од огромна важност за сите спортисти.

Ни претставува чест што сме дел од тимот кој покажа професионалност на спортскиот терен и донесе радост и национална гордост. „Аџибадем Систина“ веќе шест години соработува со РК „Вардар“ и таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот