Капитенот на Ливерпул е вистински херој во Англија, ги организира фудбалерите во нова хуманитарна акција

фото: твитер

Џордан Хендерсон повторно е иницијатор за нова акција во време на пандемијата на коронавирусот.

Откако во минатиот месец Хендерсон беше иницијатор и координатор на акцијата „Играчите заедно“ во која фудбалерите од Премиер лигата донираа пари за здравствениот систем во Велика Британија, сега покрена нова хуманитарна акција.

Во новата акција, фудбалерите ќе донираат потпишани дресови на луѓето кои ќе донираат финансиски средства за болниците во Англија.
Хендерсон за новиот проект разговарал со неколку капитени од екипите од Премиер лигата, а се очекува во акцијата „дресови за хероите“ да се вклучат и самите клубови.

За пет фунти кои ќе бидат наменети за болниците во Англија, секој ќе може да купи билет за лотаријата, а една личност ќе може да купи или донира највеќе пет билети. Најсреќните од тие кои купиле билети, а тоа значи дека донирале средства, ќе добијат потпишани дресови од фудбалерите од Премиер лигата.

Првата акција на Хендерсон „Играчите заедно“ досега обезбеди повеќе од четири милиони фунти помош за медицинските лица и болниците во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот