Капиталните инвестиции за инфраструктурни проекти остануваат на првичните проекции

Ќе се зголеми опфатот и интензитет на реализацијата на инфраструктурните проекти, велат од ЈПДП.

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека нема потреба од загриженост кај компаниите во градежниот сектор, а уште помалку навестувања за некакви, како што велат, црни сценарија за отпуштања на градежните работници заради наводно стопирање на градежните активности или пак прекинување на капиталните инвестиции.

– Капиталните инвестициина ЈП за државни патишта не само што нема намера да прекинат, туку има план да се зголеми опфатот и интензитет на реализацијата на инфраструктурните проекти. се вели во соопштението од ЈПДП.

Со оглед на тоа што доаѓа период на градежна сезона, претпријатието посочува дека продолжува со исто темпо и во наредниот период, кога ќе следуваат објави за проекти кои се кредитирани со заеми од ЕБРД или проекти финансирани со средства од буџетот на ЈПДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот