Капетан и прв офицер на ирански танкер уапсени во Гибралтар

Фото: EPA

Полицијата на британската територија Гибралтар ги уапсила капетанот и првиот офицер на иранскиот нафтен танкер Грејс 1, а тие се обвинети дека ги прекршиле санкциите против Сирија, соопштила тамошната полиција.

Апсењата следуваат после зголемувањето на тензиите со Техеран, бидејќи Лондон ги обвинува иранските бродови дека синоќа се обиделе да блокираат еден британски танкер на територија на Иран.

Според првичните информации, се уште не е поднесена официјална тужба против нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот