Капацитети на ковид-центрите: Хоспитализирани 1.296 пациенти, околу 160 слободни кревети

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во ковид-центрите низ земјава во последните 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во болницата во Битола се хоспитализирани 76 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти.

Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп – 128, во Гостивар – 71, а во Струга – 43 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 36 пациенти, во Кочани – 18, во Кичево – 20, Кавадарци – 50, во Гевгелија – 15 лица, а во Дебар седум позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот